Услуги за патници · Авионет
Изгубениот или задоцнетиот багаж се решава најбрзо ако правилно се пријави во првите часови. Ве водиме низ процесот и ја преземаме комуникацијата со авиокомпанијата.
Побарај помошПроблемот
Кога багажот не се појавува на лентата, првите чекори се важни. Пријавата мора да се направи пред да го напуштите аеродромот, со точни податоци. Оттаму натаму следи комуникација со авиокомпанијата што може да трае денови. Ние знаеме како функционира тој процес и ве водиме низ него — за да не губите време на погрешни чекори.
Ве водиме што точно да пријавите на аеродром и кои податоци ви требаат за да не заглави процесот подоцна.
Ја преземаме комуникацијата со авиокомпанијата за статусот на багажот — на вашиот јазик, наместо вас.
Помагаме и при оштетен багаж — што да пријавите, во кој рок и што ви следува.
Пред да го напуштите аеродромот, направете официјална пријава на шалтерот за изгубен багаж на аеродромот. Без таа пријава, подоцнежните барања се многу потешки.
Опишете ни ја ситуацијата и ќе ви помогнеме со следните чекори. Ќе ви одговориме во најкраток можен рок.
Јавете се или пишете ни — тука сме во работно време, во нашата канцеларија во Скопје.